Лајка, Хачико, Леси: Најпознатите кучиња во историјата
Кучињата се најдобрите пријатели на луѓето. Ова го имаат докажано неброено многу пати низ историјата.
Уште од почетоците на цивилизацијата, кучињата биле пратители на ловџиите, ги бранеле од другите животни и луѓе. Додека некои кучиња станале познати поради своите сопственици, другите своето место во историјата го стекнале со својата посветеност и храброст.
Ова се најпознатите кучиња во историјата:
Лајка
Лајка е најпознатото куче во историјата. Иако е првото животно кое летало низ земјината орбита, нејзината приказна е тажна.
Лајка живеела на улиците на Москва сè додека во 1957 година, со уште две кучиња, не била ангажирана во советската вселенска програма. После тренингот, токму Лајка била одбрана да биде куче кое ќе се качи во Спутник 2 и ќе лета во вселената.
Од самиот почеток се знаело дека Лајка нема да преживее, бидејќи Спутник 2 не бил направен да се врати на Земјата.
Лајка почина 5 до 7 часа по лансирањето на Спутник 2, поради превисока температура. Спутник 2, со телото на Лајка, во наредните 158 денови ја обиколил Земјата 2.570 пати.
На 11.04.2008 година е подигнат споменик во знак на сеќавање на Лајка. Овој мал споменик се наоѓа во близина на Москва.
Хачико
Приказната за Хачико започнува во 1923 година во Токио, кога професорот Хидесабуру Уено на улица пронаоѓа куче. Бидејќи патувал секој ден на работа со воз, кучето Хачико секое сабајле го пратило до станицата.
За жал, еден ден во 1925 година, професорот никогаш не се вратил од работа, бидејќи починал од мозочен удар. Хачико продолжил да го чека наредните десет години, секој ден.
Неговото чекање ги фасцинирало луѓето, бидејќи доаѓал секогаш во точно време кога доаѓал и возот.
На 8.03.1935 година, Хачико починал. Тогаш станал јапонски национален симбол.
Леси
Леси е еден од најпознатите измислени кучиња. Од 1943 година до 2007 година, Леси ја глумело куче по име Пол, а после него, десет генерации потоа го глумеле неговите потомци.
Иако во приказната се работи за женско куче, Леси ја глумеле машки кучиња, бидејќи биле повеќе практични.
Аргос
Дури и во античката Грција едно куче се издигна над сите. Аргос веројатно бил едно од најпознатите кучиња во историјата, благодарение на неговиот сопственик, Одисеј.
Кога се вратил во Итака, после 10 години, Одисеј се маскирал во просјак, за да не го препознаат непријателите. На патот кон дома го сретнал Агрос, кој лежел без сила да го поздрави својот сопственик.
Аргос го препознал Одисеј и го поздравил мавтајќи со опашката. За да не го препознаат, Одисеј не го поздравил своето куче, по што Аргос починал. Ова е една од најтрогателните приказни во историјата.
Фидо
На латински неговото име значи верен, а работите што ги направил го оправдуваат неговото име.
Еден работник во Италија, Карло Сориани, го пронашол ова куче на улица, во 1941 година, по што го земал со себе и му помогнал да закрепне од повреди. За да му ја искаже својата благодарност, Фидо секогаш го прател Карло до автобуската станица.
Две години подоцна Карло бил убиен во едно бомбардирање, а Фидо продолжил да го чека во наредните 14 години пред автобуската станица.
Фидо починал во 1958 година, на истата автобуска станица. Веста за неговата смрт била на сите насловни страни, а во негова чест е направена статуа со натпис: „A Fido, Esempio di fedelta“ – Фидо, пример на верноста!
Смоки
Јоркширки териер Смоки станал познат благодарение на својот спасител, американски војник Вилијам Вајн, кој во 1944 година го пронашол во џунглата на Нова Гвинеја.
Во наредните 2 години кучето и војникот станале партнери, а Смоки станал маскота на Втората светска војна. Смоки и Вилијам заедно преживеале преку 150 воздушни напади и голем тајфун во Окинава.
Благодарение на способноста да ја предосети опасноста, Смоки неколку пати му го спасил животот на Вилијам, како и на неговите соборци.
Ашера | Црнобело