Спасување на повредена раја која барала помош од нуркачи
Една манта раја која имала кука за риболов под нејзиното око побарала помош од неколку нуркачи на минување, откако препознала еден од нив. Џејк Вилтон, подводен фотограф кој ги води туристите низ австралискиот залив Нингалу, го забележал животното на коешто му требало помош.
На неверојатната снимка се гледа како 30-годишната раја им пријдува на Вилтон и неговите колеги, очајно барајќи помош. Таа ги раширила своите перки пред Вилтон и после неколку обиди, тој успеал да ја извади куката од неа.
„Доаѓаше поблиску и поблиску и потоа се заврти за да ми го покаже окото“, изјавил Вилтон.
Тој бил свесен дека ако не ѝ помогне, рајата ќе се соочела со многу проблеми.
На видеото се гледа Вилтон како гордо излегува од под вода држејќи ја куката, додека рајата плива кон далечината.
Холс, кој се наоѓал на бродот во близина на нуркачите, изјавил дека рајата најверојатно сфатила дека Вилтон сака да ѝ помогне. Имено, Вилтон неколку пат ѝ се приближувал додека ја вадел куката, а таа воопшто не се помрднала.
Овие животни можат да достигнат ширина до 7 метри и живеат околу 50-тина години. Страните предмети, како куките за риболов, често завршуваат на телата на морските животни и често предизвикуваат болести, па дури и смрт поради инфекциите.
Оваа раја можеби и ќе го загубела својот вид доколку не побарала помош.
Манта раите се сметаат за едни од најинтелигентните суштества во океаните, а постојат неколку истражувања што го поддржуваат ова. Постојат две скали со кои отприлика се одредува интелигенцијата кај разните животински видови – масата и големината на мозокот во споредба со големината на телото.
Манта раите имаат еден од најголемите мозоци кај рибите. Односно, нивниот мозок е голем во споредба со нивното тело.
Ова значи дека со еволуцијата, се развивала моќта на мозокот на овие животни, укажувајќи на поголема интелигенција и обид да се зголеми капацитетот на мозокот.
Многу истражувачи веруваат дека овие животни можат да препознаваат, па дури и да се препознаат себеси. Тие имаат речиси иста интелигенција како цицачите – нешто што е многу понапредно од обичните риби.
Тестот за себе-препознавање се изведува со огледало и има докажано дека некои мајмуни и делфини ја имаат оваа способност. Се верува дека и манта раите можат да се препознава себеси бидејќи се однесуваат необично пред огледало.
Имено, тие се однесуваат поразлично кога се соочуваат со други животни или луѓе, па постои веројатноста дека се свесни за нивната рефлексија.
Нивната интелигенција се манифестира и преку радозналоста – неретко манта раите истражуваат нешто само поради љубопитност.
Покрај тоа, овие животни редовно ги посетуваат истите места за хранење. Ова однесување ги тера научниците да сметаат дека манта раите можат да создаваат когнитивни мапи на нивното опкружување, коишто им помагаат да стигнат до некоја дестинација.
За манта раите е познато и дека често се однесуваат игриво покрај нуркачите – феномен кој обично се гледа кај интелигентните водни цицачи, како делфините и китовите.
Спирова С. | Црнобело