89-годишна старица направила над 450 ќебиња и елеци за бездомни кучиња
Постојат луѓе кои навистина ги сакаат животните и кои активно се грижат за нив. Групата животи што добива најмногу внимание се кучињата, особено бездомниците.
Мејси Грин, прекрасна 89-годишна старица, е позната по нејзините плетени изработи за кучиња. Досега, таа има исплетено над 450 џемпери и ќебиња за кучиња што ги донирала во засолништето Dogs Trust Basildon.
Мејси изјавила дека ги сака кучињата и дека сака да плете, па едноставно ги комбинирала двете нешта. За едно ќебе ѝ се потребни 3 дена, додека за џемперче или елек за куче ѝ треба само еден ден.
Нејзиното семејство ѝ помага да ги однесе изработките во засолништето за кучиња, и тоа трипати годишно.
Мејси вели дека се забавува со плетењето додека гледа телевизија. Исто така била навистина радосна што може да им помогне на овие прекрасни суштества.
Dogs Trust е најголемото засолниште за кучиња во Велика Британија и има 20 центри низ Ирска и Обединетото Кралство. Секоја година овде се згрижуваат над 16.000 несакани, напуштени и улични кучиња.
Навистина ве инспирира и вие да преземете нешто, зарем не?
Спирова С. | Црнобело