Моногамни животни што остануваат заедно цел живот
Белоглав орел
Исто како волците, така и белоглавите орли се враќаат кај истиот партнер секоја сезона на парење. Мажјаците исто така помагаат при лежење на јајцата и ги хранат малите пилиња.
Гибон
Овие мали мајмуни имаат слични врски како луѓето, до таа мера што дури двојките знаат да изневеруваат, раскинуваат, па и да се „премажат“. Оние што ќе останат заедно се тимарат и заедно ги одгледуваат децата.
Црн мршојадец
Мршојадците ги бие лош глас, но сепак се птици кои знаат за романтика. За време на додворувањето мажјакот кружи околу женката со издолжен врат, а потоа ја брка и се нурнува кон неа. Двојката останува заедно цела година, а кога ќе се снесат јајцата се менуваат во лежењето на секои 24 часа.
Дабар
Малку се знае за тоа како дабарите ги наоѓаат своите партнери, но кога ќе ги најдат тоа е за цел живот. Генетска студија докажала дека европските дабари остануваат верни на своите партнери, додека пак северно американските знаат да се гледаат и со други.
Лебед
Има добра причина зошто лебедите се симбол на љубовта. Кога се додворуваат ги извиваат вратовите еден кон друг во вид на срце, а откако ќе се спарат остануваат доживотно заедно.
(О)Милена | Црнобело