Моногамни животни што остануваат заедно цел живот

Monogamni-zivotni-sto-ostanuvaat-zaedno-cel-zivot-01.jpg

Верувате во љубов до крајот на животот?

Сите можеме да научиме по некоја лекција за животот во пар од овие симпатични животни кои целиот живот го поминуваат во моногамија со избраниот партнер.

Макаронски пингвин

Повеќе од 90 проценти од птиците се моногамни, но ретко кој вид покажува приврзаност како макаронските пингвини. Тие танцуваат кога ќе се видат, а кога ќе се роди малечкото, таткото го чува додека мајката лови храна.

Monogamni-zivotni-sto-ostanuvaat-zaedno-cel-zivot (1).jpg

Канадски жерав

Луѓето имаат песни и поезија, но канадските жерави имаат повик на унија преку којшто објавуваат на сите дека се во врска. Женката крешти двапати, а мажјакот одговара со едно крештење.

Monogamni-zivotni-sto-ostanuvaat-zaedno-cel-zivot (2).jpg

Морско коњче

Пред да почнат да ги носат малечките во својата торба на стомакот, мажјаците на морските коњчиња флертуваат со потенцијалните партнерки така што ги испреплетуваат опашките и танцуваат заедно. Женките можат да станат љубоморни и да се борат помеѓу себе за мажјакот.

Monogamni-zivotni-sto-ostanuvaat-zaedno-cel-zivot (3).jpg

Волк

Алфа мажјакот и неговата партнерка се всушност двојката околу која се врти целата социјална хиерархија на глутницата волци. Двојката се пари еднаш годишно.

Monogamni-zivotni-sto-ostanuvaat-zaedno-cel-zivot (4).jpg

Кукувија (вид був)

Кукувиите имаат свој сопствен јазик на љубовта. Мажјаците флертуваат со потенцијалните партнерки така што им носат мртви глувци и крештат, а женките што се заинтересирани одговараат со кукање.

Monogamni-zivotni-sto-ostanuvaat-zaedno-cel-zivot (5).jpg

Плочестогрб сцинк

Ова е тип на гуштер во Австралија којшто се враќа кај истиот партнер секоја сезона на парење. Мажјаците ги импресионираат женките со галење и лижење, а откако ќе се спарат врската може да трае и по 20 години. Двојките дури и заедно шетаат, блиску еден до друг, мажјакот малку поназад од женката.

Monogamni-zivotni-sto-ostanuvaat-zaedno-cel-zivot (6).jpg

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Животни кои ги јадат своите машки партнери (па дури и своите малечки) За да преживеат, женките скорпии може да ги изедат своите машки партнери откако ...
Чување риба во кугла: Кои видови да ги избегнувате и на што да обрнете внимание? Куглата е одлично решение ако сакате да чувате риба, но немате простор или средс...
Македонка вдоми еж на ранчот во с. Ранковце: „На Велигден се родија 6 ежиња“ „Во куќата имам маче кое го вдомив пред околу 2 недели откако го најдов напуштен...
Позитива на денот: Мечка влезе во ресторан и си седна на маса да јаде (видео) „Додека ручавме, мечка реши да се прекачи преку оградата и се послужи со остатоц...
Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...
Фотографии кои покажуваат дека животните ја чувствуваат нашата љубов Колку што ние си ги сакаме мачките и кучињата што ги чуваме дома, толку и тие нè...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg