Топ 5 раси на кучиња за семејства со деца
Иако многу семејства се скептични за куче и мало дете во ист дом, сепак постојат раси на кучиња кои се идеални за растење со деца.
Дечињата многу често сакаат куче во домот, а родителите не дозволуваат од безбедносни причини, но всушност, кучињата се најголеми чувари на децата.
Независно на која возраст се децата, тие ќе научат многу од чувањето на куче – ќе се научат на одговорност, ќе имаат со кого да си играат и секогаш ќе бидат заштитувани од нивниот миленик.
Секако, важно е да ја одберете вистинската раса на куче, а има неколку кои се идеални за семејства со деца, иако секое од нив си има предности, но и недостатоци.
Направете „пресметка“ и одберете ја најдобрата раса за во вашето семејство:
Златен ретривер
Предности:
- Пријателски настроени кон луѓе и животни
- Паметни
- Лесни за дресирање
Недостатоци:
- Бараат долги прошетки со активни игри
- Не толку добри чувари
- Голем раст
Њуфаундлендер
Предности:
- Пријателски настроени
- Паметни
- Служат како дадилки
- Лесни за дресирање
Недостатоци:
- Долгото влакно го валка домот
- Многу плунка
Лабрадор
Предности:
- Екстремно паметни
- Пријателски настроени
- Сакаат игра
- Лесни за дресура
Недостатоци:
- Бараат долги прошетки и активност
- Собираат сè и сешто од земја
- Не поднесуваат осаменост
Германски овчар
Предности:
- Паметни
- Лесни за дресирање
- Склони кон заштитување на деца
Недостатоци:
- Не се идеални за почетници
- Агресивни на други кучиња и непознати
- Гласни
Боксер
Предности:
- Добра природа и сакаат игра
- Не бараат комплексна нега
- Трпеливи и грижливи кон деца
Недостатоци:
- Не поднесуваат осаменост
- Бараат долги прошетки и активност
- Имаат долг јазик и склони се кон лижење
М. М. | Црнобело