Зошто вашето куче се плаши од правосмукалка?
Сте се запрашале ли некогаш зошто вашето куче така возбудено реагира кога ќе ја вклучите правосмукалката? Скока околу неа, лае и бара место да се сокрие и вам ви личи како да се плаши, но всушност има неколку конкретни причини поради кои го прави тоа.
Не грижете се, ова однесување е вообичаено бидејќи кучињата навистина мразат правосмукалки.
Ја мразат бучавата
Звукот од правoсмукалката е специфичен и е нешто што кучињата го слушаат само повремено, односно кога вие чистите. Ветеринарите велат дека кучињата чувствуваат фобија кога се изложени на звуци што не им се познати.
Бучавата им изгледа како закана, а ненадејното вклучување и силните вибрации им го вклучуваат инстинктот да се сокријат од страв.
Решението е да ги навикнете на вревата од правосмукалката за да не ја гледаат како опасност, и со тек на време ќе научат да не се бранат од неа.
Им го поматува мирисот
Додека поминувате со правосмукалката напред назад врз теписите и подот, разни мириси се креваат во воздухот и повторно вашето куче не е навикнато на нив. Прашината им создава непријатно чувство.
Го мразат вшмукувањето
Причината за ова однесување се уште се истражува - карактеристично за кучињата е да го користат носот за да истражат нова територија или друго животно. Бидејќи правосмукалката вшмукува, нив им изгледа како да душка и тоа е однесување што тие го препознаваат.
Но, вшмукувањето е изгледа многу понасилно, па затоа кучињата се вознемируваат.
А. Ш. | Црнобело