Селани им плетат џемпери на слоновите за да ги заштитат од студот
Приказна што ќе ви ја врати вербата во добрината на луѓето. Доказ дека малите дела прават голема разлика.
Климатските промени предизвикуваат низа проблеми, а поради нив многу животни се во опасност да бидат истребени од нивните природни живеалишта.
Многу луѓе веруваат дека не можат да сторат ништо за да им помогнат на животните, но не е точно, дури и малите дела прават голема разлика.
Жителите на едно село во Индија пронајдоа нов начин да им помогнат на слоновите во овој реон. Тие им плетат џиновски, шарени џемпери на слоновите во резерватот „Wildlife SOS Elephant Conservation and Care Centre“.
Можеби звучи смешно, но овие џемпери се доволна изолација за на слоновите да им биде топло кога температурите ќе опаднат повеќе од вообичаено во овој дел од светот.
Во ова прифатилиште има повеќе од 20 спасени слонови и тоа од нелегални продажби до злоупотреби и искористување.
Овие слонови биле запоставувани во минатото и сега се ранливи при екстремни температури. Студот им предизвикува артритис и стануваат подложни на пневмонија, која може да ги убие.
Запознајте ги инспиративните селани:
С. С. | Црнобело