Атракција за туристи - дружба со пријателски настроени волци (фото)
Замислете да се дружите со волци без да ве дели оградата од зоолошка градина и дури да ги прегрнувате и милувате?
Звучи опасно, но овој сон може да ви стане реалност во Ванкувер.
Прифатилиште за животни „Predators of the Heart Sanctuary“ на посетителите им нуди уникатно искуство 2 часа да се дружат со волците.
На оваа авантура ќе ве води одговорен човек од непрофитната организација за заштита на животните и на турата ќе дознаете фасцинантни факти за волците и за тоа како се однесуваат во нивната природна околина.
Од овие неверојатни суштества може ќе добиете и бакнеж и ќе направите спектакуларни фотографии.
Целта на „Predators of the Heart Sanctuary“ е да им дадат на волците безбедно и среќно место кое ќе го нарекуваат дом. Парите од картите за турата се всушност донација за спасување на волците.
Инаку во прифатилиштето има и лисици, птици и низа други животни.
Како изгледа оваа уникатна авантура:
С. С. | Црнобело