Животни кои најлесно се поврзуваат со луѓето

За домашните животни веќе знаеме како остваруваат поврзаност со луѓето, но не се само кучињата и мачките оние кои умеат да го направат тоа.

zhivotni-koi-najlesno-se-povrzuvaat-so-lugjeto-01.jpg

Покрај милениците, со луѓе се поврзуваат и домашните животни, но и оние кои низ историјата биле тесно поврзани со човековиот развој и нивните животи зависеле едни од други.

На оваа листа ќе најдете многу познати видови, но некои и ќе ве изненадат:

Кучиња

Што има повеќе да се каже за кучињата? Дури и оние кои не ги чувате дома лесно се поврзуваат со вас ако само ги нахраните и погалите. Нивото на блискост зависи од расата на кучето, односно од карактерните особини типични за нив.

zhivotni-koi-najlesno-se-povrzuvaat-so-lugjeto-02.jpg

Мачки

Низ историјата, луѓето создавале долготрајна врска со мачките како вид. Иако според многумина мачката не е толку лојална како кучето, таа умее да создаде поврзаност и да ја одржува низ целиот нејзин живот.

Исто така, реагира на промена на расположение и емоции и може да биде навистина добра утеха.

zhivotni-koi-najlesno-se-povrzuvaat-so-lugjeto-07.jpg

Живина

Живината, а особено кокошките, се многу попаметни и покомплексни отколку што мислиме. Тие лесно се тренираат и можат да бидат интерактивни со оние кои ги хранат.

zhivotni-koi-najlesno-se-povrzuvaat-so-lugjeto-05.jpg

Свињи

Малите прасиња често се чуваат како миленици, бидејќи се социјални, интелигентни и лесно прилагодливи. Исто така, умеат да покажат и широк спектар на емоции. Не секоја свиња сака да се врзе, но има и такви кои можат да бидат лојални миленичиња.

zhivotni-koi-najlesno-se-povrzuvaat-so-lugjeto-09.jpg

Коњи

Коњите распознаваат емоции и израз на лице, а особено се сензорни на анксиозност и стрес. Врската меѓу коњите и луѓето трае со години и воопшто не е чудно што се одржала толку долго.

zhivotni-koi-najlesno-se-povrzuvaat-so-lugjeto-06.jpg

Зајаци

Зајаците се одгледуваат со години и тие се адаптирале на функционирањето на човекот. Иако е потребно долго време за навикнување еден на друг, кога тоа ќе се случи, зајакот е еден од најдобрите домашни миленици кои можете да ги имате.

zhivotni-koi-najlesno-se-povrzuvaat-so-lugjeto-03.jpg

Глувци

На многумина помислата на стаорец не им е удобна, но постојат посебни видови кои се одгледувани за да бидат домашни миленици. Тие се многу мирни и интелигентни, а сакаат да имаат физички контакт со својот сопственик.

zhivotni-koi-najlesno-se-povrzuvaat-so-lugjeto-10.jpg

Папагали

Овие птици се интелигентни и социјални и лесно се прилагодуваат на новата средина. Уште поинтересно станува кога со песна или повторување на зборови ви враќаат на обраќањата.

zhivotni-koi-najlesno-se-povrzuvaat-so-lugjeto-04.jpg

Лама

Ламата не е животно кое вообичаено можете да го сретнете во нечиј двор, но тие иако се диви животни, лесно се прилагодуваат и умеат да следат наредби дадени од човек.

zhivotni-koi-najlesno-se-povrzuvaat-so-lugjeto-08.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

18 миленици кои пораснале, но ги задржале старите слатки навики (фото) Старите навики тешко „умираат“ - доказ за ова се и многу, многу миленици, кои ни...
Животни кои ги јадат своите машки партнери (па дури и своите малечки) За да преживеат, женките скорпии може да ги изедат своите машки партнери откако ...
Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...
Позитива на денот: Мечка влезе во ресторан и си седна на маса да јаде (видео) „Додека ручавме, мечка реши да се прекачи преку оградата и се послужи со остатоц...
Дритон од Скопје чува шкотска мачка: „Оби е многу кроток, но не сака луѓето да го задеваат“ „Оби е шкотска раса и има 6 години. Го донесов од Софија, Република Бугарија и о...
Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg