8 основни работи на кои треба да го научите вашето куче
Иако се преслатки, ви го исполнуваат времето и се секогаш покрај вас, сепак чувањето куче и општо било какви миленици не е воопшто лесна задача.
Кога имате куче, мора да бидете одговорни за истото и да се грижите постојано за него – редовно да го шетате, храните, носите на ветеринар и да му обрнувате внимание.
Но, покрај сите активности, многу е важно и да го научите кучето на некои основни работи.
Со некои основни животни вештини, ќе ви биде полесно чувањето на миленичето, а ќе се чувствувате и попријатно покрај други луѓе, без да се соочувате со непријатности.
Доколку не знаете како да го направите тоа, побарајте совети од поискусните, но никако не заборавајте дека не треба да го оставате само на себе.
Неколку основни вештини на кои мора да го научите кучето:
1. Да го користи неговото катче во домот
2. Правила за вршење нужда (не на секое место што ќе му текне)
3. Да шета на каиш без да прави проблеми
4. Да се социјализира со други кучиња и луѓе
5. Да седи кога ќе му кажете наместо да скока по гости
6. Да не гризе
7. Да останува само дома без да направи неред
8. Да не ја гризе и уништува гарнитурата
М. М. | Црнобело