Кое е најбрзото куче на светот и уште 9 интересни факти за кучињата
-->
Кучињата живеат со луѓето веќе 15.000 години, а за тоа време толку многу се поврзале едни со други што станале и најдобри пријатели.
Ви претставуваме десет помалку познати факти за кучињата кои можно е да не ги знаете:
-->
1. Кучето кога е уплашено го става опашот меѓу нозе, затоа што на тој начин ги покрива жлездите кои се наоѓаат во аналната регија. Поради тоа што аналните жлезди лачат посебни мириси по кои кучињата се идентификуваат. Опашот меѓу нозете е еквивалент на несигурни луѓе кои го покриваат лицето со раце.
2. Хртовите се најбрзите кучиња на светот, со брзина до 70 километри на час.
3. Отпечатокот од кучешкиот нос е еднаков на човековиот отпечаток од прст. Може да се користи за идентификација на кучето.
4. Кучињата имаат дупло повеќе мускули од луѓето за движење на ушите. Кучињата може да ги користат овие мускули за прикажување на преку 100 изрази на лицето. Тие исто така им помагаат да слушнат звуци на четири пати поголема оддалеченост од луѓето.
5. Кучињата можат да ги „соберат“ човечките болести, а исто така кучињата можат да идентификуваат болести кои веќе се наоѓаат во телата на луѓето, како што се тумор или дијабетес.
6. Кучињата можат да бидат паметни како двегодишно дете, според истражувањето кое е претставено во 2009 година на состанокот на американското психолошко друштво. Некои раси на кучиња се способни да разберат и до 200 збора.
7. Една студија од 2008 година, открила дека кучињата стануваат љубоморни ако не добијат подарок за трикот, а некое друго куче во близина добие. Кучињата тогаш стануваат нервозни, почнуваат да гребат, престануваат да прават трикови и ги избегнуваат другите кучиња. Интересно е што кучињата не биле љубоморни ако другото куче добило парче месо, а тие парче леб. За нив само било важно и тие нешто да добијат.
8. Кучињата се најразновидните цицачи. На пример, черепот на германскиот овчар се разликува од черепот на пекинезерот, како што и черепот на мачката се разликува од черепот на моржот.
-->
-->
9. Кучето може да го лоцира изворот на звукот во дел од секунда, а може и да слушне звуци четири пати подалеку од луѓето.
10. Сите домашни кучиња имаат заеднички предок – сивиот волк.
-->
М. П. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот?
Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе?
Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...
Дресер на кучиња открива кои раси никогаш не би ги вдомил – Непријатно мирисаат и не се пријателски ...
„Мрсната кожа ги прави да мирисаат лошо, без разлика колку често се капат. Од ми...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии
Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...
Лесно се дресираат, лојални се: Кои се најинтелигентните раси на кучиња?
Кучињата од расата бордер коли се сметаат за најинтелигентни во светот, а на лис...
Кои раси на кучиња најчесто добиваат топлотен удар, според ветеринар?
Расите со сплескана муцка како мопс потешко се разладуваат, па поради ова се пос...
-->