Како да им помогнете на милениците и бездомните животни полесно да ја преживеат зимата?
-->
Како што температурите паѓаат и зимата почнува да се чувствува, така треба да размислуваме на тоа како сите да бидат згрижени и да се стоплат.
Покрај бездомниците и луѓето кои не можат да си дозволат многу работи, на кои треба да им се помогне, не треба да заборавиме и на животинчињата.
-->
Па, сетете се дека додека вие седите дома стуткани под ќебе, надвор има и бездомни животинчиња кои мрзнат на студот и гладуваат.
Но, и вашите миленичиња имаат потреба од грижа и помош во зимските денови, па не ги оставајте на цедило мислејќи дека ништо не им е.
Како да им помогнете на животните да ја издржат зимата?
Чувајте ги милениците во затворена просторија колку што е можно повеќе во ладните денови.
Набавете им на милениците специјални џемперчиња кои ќе ги топлат за време на прошетките.
-->
-->
Ако немате услови да го чувате внатре, а кучето е доволно способно да живее надвор и во зима, тоа не значи да го оставите туку-така, направете му засолниште со топло ќебенце и заштита од студот.
-->
Пред да го запалите автомобилот, задолжително проверете околу гумите, бидејќи таму се кријат малите животинчиња од студот.
Заштитете ги шепите на вашето куче од солта која се фрла на снегот, а е опасна за нив.
-->
На милениците им е потребна повеќе храна во зима, но не заборавајте и на бездомните животинчиња кои немаат воопшто храна.
Ако знаете дека во соседството има повеќе бездомни животинчиња кои се мирни, поставете на одредени места ќебиња кои не ви се потребни.
Обезбедете ги дивите животинчиња со вода, чиј вообичаен извор на вода е замрзнат, како и со храна.
Кога се враќате од прошетка по снег, задолжително бришете го миленичето со сува крпа за да не смрзне.
Ако вообичаено го шишате кратко миленичето, оставете во зимскиот период да му расте крзното, за повеќе да го топли.
Кога шетате по снег, држете го кучето на ланче, бидејќи полесно може да се изгуби заради намалените познати мириси кога земјата е покриена со снег.
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Камилите складираат вода во грпките: Популарни митови за животните (кои не се точни)
Камелеоните ја менуваат бојата за да се камуфлираат, а ајкулите се најсмртоносни...
Позитива на денот: Фото-докази дека и животните се грижливи родители
Мачка која ги прегрнува своите малечки додека спие, куче кое се радува на новоро...
Фотографии кои покажуваат дека животните ја чувствуваат нашата љубов
Колку што ние си ги сакаме мачките и кучињата што ги чуваме дома, толку и тие нè...
Шимпанзо, гавран – Кои се најинтелигентните животни на планетата?
Шимпанзата можеби не го разбираат човечкиот говор, но во минатото неколку единки...