Желка повторно плива откако ѝ е наместена простетичка перка

Водната желка Роки е стара меѓу 25 и 30 години, која ја изгубила десната предна перка во несреќа со брод. Во оваа несреќа бил оштетен и оклопот.

zhelka-povtorno-pliva-otkako-i-e-namestena-prostetichka-perka-01.jpg

Цели 20 години Роки пливал во водата, но не можел да нурне подлабоко или да ги прави сите движења кои се карактеристични за водните желки. Но, благодарение на простетиката, Роки конечно може нормално да плива.

Со помош на вештачки лигамент, протезата е прикачена во делот каде сè уште постоеле сочувани нерви од природната моторика на желката. Целиот процес се покажал како успешен, па Роки сега плива нормално.

Простетичарот Кевин Карол ја направил оваа интервенција целосно бесплатно, иако вообичаено би чинела 6.000 долари.

zhelka-povtorno-pliva-otkako-i-e-namestena-prostetichka-perka-02.jpg

Тој бил воодушевен што Роки веднаш успеал да воспостави контрола врз вештачката перка како да е природна. Според него многу е важно да се заштитат сите видови водни и морски желки, бидејќи се во опасност од ловење поради месото, кожата и оклопите. Негативно врз нив влијае и промената на климата.

Роки бил спасен во 2001 година и оттогаш се пушта да плива само во контролирани услови и секогаш со надзор. Како дел од терапијата, секој ден плива со вештачката перка барем по еден час.

Карол останува на својот став дека сите животни заслужуваат да бидат спасени и да им се даде шанса да живеат нормален живот дури и по страшна повреда.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дритон од Скопје чува шкотска мачка: „Оби е многу кроток, но не сака луѓето да го задеваат“ „Оби е шкотска раса и има 6 години. Го донесов од Софија, Република Бугарија и о...
Бил роден за време на Втората светска војна – Како изгледа еден од најстарите папагали во светот? Папагалот Коко има 84 години и е слеп, но неговите сопственици велат дека воопшт...
Елена од Гевгелија 1 година се грижи за штрк: „Го пуштив да си оди, но не сака“ „Беше гладен, дехидриран и целиот беше со рани затоа што родителите го клукале. ...
Им треба простор, пренесуваат салмонела – Што треба да знаете за желките како миленици? Токму поради тоа што може да пренесат салмонела, не ја гушкајте или бакнувајте в...
Камилите складираат вода во грпките: Популарни митови за животните (кои не се точни) Камелеоните ја менуваат бојата за да се камуфлираат, а ајкулите се најсмртоносни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg