Драстична трансформација на бездомно куче по згрижувањето (фото)
Откако неговата сопственичка завршила во болница Плуто живеел на улица препуштен сам на себе, бил прегладнет и имал очи полни болка...
Откако една стара Литванка која живеела сама завршила во болница, нејзиното куче Плуто останало препуштено само на себе.
Локалното засолниште за животни „Vyšnių sodas“ откако видело во колку ужасна ситуација се наоѓа Плуто, кој бил комплетно изгладнет, го прибрало.
По месеци грижа, нега и љубов, неговото тело, на кое се броеле коските, се вратило во нормала, а неговите очи, кои изгледале безнадежни и биле полни со болка, повторно добиле сјај.
Плуто се плашел од сè и секого, имал инфекции и одреден период бил во карантин. Дури по 6 месеци нега, тој почнал да се социјализира со другите кучиња.
Неговата драстична трансформација: