На плажа на Бахамите туристите си играат со кученца од засолниште (фото)
Замислете бел песок, недогледно морско синило и кученце што едвај чека да се шета и милува со вас...
„Potcake Place“ е засолниште за животни во областа Providenciales на островите Туркс и Кајкос.
На една од плажите може да се дружите со кученцата кои се спасени во ова засолниште. Тимот од засолништето заклучил дека за кучињата би било одлично искуство да се социјализираат преку дружба со туристите.
Плажа, плус мило кученце до вас, звучи како одличен начин за релаксација, зарем не?
Среќните посетители може да ги шетаат кучињата по плажата и да се забавуваат, а можеби ако некое од нив комплетно им го зароби срцето и да му обезбедат дом.
С. С.| Црнобело