Зошто во канцелариите на Амазон е дозволено вработените да си ги носат кучињата?
Замислете колку поубав би ви бил работниот ден ако вашето куче со опашката разиграно мавта покрај вас? Насмевката е загарантирана!
Можноста да го носите вашиот миленик на работа е навистина реткост, но во гигантот Амазон тоа е возможно.
На вработените не само што им е дозволено да ги носат своите кучиња на работа, туку има креирано и специјални игралишта за животните во седиштето во Сиетл.
Ќе бидете пријатно изненадени кога ќе слушнете дека во канцелариите на Амазон има место дури за 6.000 кучиња. Покрај игралишта за нив, има и грицки, пијалаци и имитација на трева на 17-тиот кат.
Практиката започнала откако неколку вработени почнале да ги носат милениците на работа. Тие им ги освоиле срцата на другите вработени и на некој начин станале дел од тимот. Со разиграно куче, сè е позабавно.
Некои од нив дури се појавуваат на официјалниот Инстаграм на Амазон, а традиционално се организира и фестивал „Barktoberfest“, каде сопствениците и кучињата се маскираат.
Но, покрај поттик за вработените, кучињата во Амазон се доволени и затоа што имаат ефект на зближување на вработените, кои покрај своите миленици почнале да имаат дневни средби и разговори.
Присуството на кучињата на работното место ги поттикнува работниците да соработуваат и да бидат попријателски настроени едни кон други, тврдат и истражувањата.
Атмосферата во седиштето на Амазон:
https://www.instagram.com/p/Bkl0ATgDUEm/?utm_source=ig_embed
С. С. | Црнобело