Уникатно пријателство: Како бебе лебед и градежник станаа неразделни? (фото)
Откако емотивниот Роб му го спасил животот на малиот лебед меѓу нив се создала нераскинлива врска.
Роб Адамсон (39) се занимава со градежништво и на едно напуштено градилиште нашол бебе лебед, кој бил повреден најверојатно од напад на некое животно. Роб го земал лебедот кај себе и му го дал името Сиднеј.
Откако почнал да се грижи за него, тие станале најдобри пријатели. Роб вели дека го обожава дивиот свет и е воодушевен што има можност за ваква дружба.
Тој се грижи за лебедот како да му е мајка, а Сиднеј дури се спријателил со кучето на Роб со кое си играат и се забавуваат заедно.
Роб има кутија до креветот во која живее Сиднеј и открива дека малиот лебед обожава да се милува со него. Единствениот проблем е што Сиднеј често станува во 4 часот наутро.
Како изгледа ова уникатно пријателство:
С. С. | Црнобело