И милениците имаат проблеми со прекумерната тежина (фото)
Дали досега сте виделе маче или куче со вишок на килограми?
Важно е да го сакате вашето тело без разлика која е неговата форма и големина. Но, кога станува збор за животните прекумерната тежина може да им предизвика тешкотии во животот и тие да не може да трчаат наоколу и да си играат.
Повеќето од сопствениците на животни со прекумерна тежина од голема љубов и страв да не останат гладни на своите миленици им даваат премногу храна.
За да се намалат здравствените ризици кај овие животни организацијата PDSA Pet Fit Club организира годинешен натпревар за слабеење на животни.
Годинава учествуваат мачки, кучиња и еден хрчак. За секое животно ќе биде направена индивидуална програма за намалување на внесувањето на калориите и зголемување на физичката активност. Сето тоа под контрола од ветеринари.
Програмата ќе трае 6 месеци и спроведувањето ќе биде во рацете на сопствениците на животните. Потоа ќе биде прогласен победник, односно миленикот кој постигнал најдобри резултати.
Запознајте ги учесниците:
С. С. | Црнобело