Маче и куче обожаваат заедно да патуваат и да истражуваат (фото)
Синтија Бенет и нејзиното момче се долгогодишни планинари кои го посвоиле нивното куче Хенри во 2014-та.
Хенри бил 14 недели кога го вдомиле, но веќе бил петпати поголем од кутрињата на негова возраст.
„Мислам дека беше кај нас само 3 дена кога првпат го однесовме на тура со нас,“ се сеќава Бенет.
„Ја најде највисоката карпа, се затрча и застана на работ за да разгледа што има наоколу. Знаевме дека едноставно е создаден за такви авантури.“
Неколку месеци подоцна парот решил дека сака уште едно милениче на кое ќе му овозможат топол дом. Овојпат, тоа било мачето Балу.
Не поминало многу време пред и Балу да им се приклучи на авантурите во дивина.
Токму на овие авантуристички тури во природата настануваат фантастичните фотки од двете миленичиња кои обожаваат да патуваат заедно:
М. Д. | Црнобело