Ретки меланистички животни кои се вистинска убавина за оваа планета
Можете ли да замислите сосема црна кокошка или верверица? Изгледаат магично!
Меланизам е физиолошка појава при која се јавува зголемена црна или близу црна пигментација, било да е тоа на кожата, пердувите или влакната на еден организам. Се јавува како резултат на присуството на пигментот меланин.
Меланизмот е спротивен на албинизмот, кој се јавува како резултат на недостаток на меланинот. Кај луѓето, оваа појава се нарекува меланоза.
Кај животните нивните вистински бои се заменети со црна, па кога ќе ги видите некои од нив едноставно нема да ви се верува дека постојат.
Црни змии
Меланистичките змии се најопасните змии. Црната змија мамба е најотровната во светот. Иако е во една боја, природата и дала совршена текстура и таа изгледа навистина впечатливо.
Црн гуштер
Меланистичките животни изгледаат убаво, но кај рептилите црната боја помага во опстанокот. Нивната кожа слабо рефлектира светлина и го намалува биењето на срцето.
Црна верверица
Меланизмот за вервериците е одличен, бидејќи го зајакнува нивниот имун систем.
Црни кралски пингвини
Овие кралски пингвини се сосема црни и се однесуваат нормално и изгледаат здраво, како и другите членови на колонијата.
Црна лисица
Црната лисица е редок член на семејството црвени лисици. Поради генетски нарушувања кај некои црвени лисици сега имаме по некоја црна.
Црна кокошка
Кокошката Ayam Cemani од Индонезија има црни канџи, перја, месо и коски. Единствениот дел од нив кој не е целосно црн е нивната крв, која сепак е потемна од онаа на обичните кокошки.
С. С. | Црнобело