Кутре оставено на аеродром заедно со порака која раскажува цела животна приказна
За жал, сопственичката на 3-месечната чивава немала друг избор освен да ја напушти.
Чуи, малечката кремаста чивава, била пронајдена сама на аеродром во Лас Вегас.
Иако напуштањето на домашниот миленик се смета за сурово и бесчувствително, во овој случај, пораката која стоела до кутрето ги разјаснила работите.
„Здраво! Јас сум Чуи! Мојата сопственичка беше во насилна врска и не можеше да си дозволи да ме земе со неа во авион. Не сакаше да ме остави со целото нејзино срце, но немаше друга опција.
Мојот бивши дечко го шутна кутрето кога се расправавме и сега има голема џумка на главата. Веројатно треба да го прегледа ветеринар.
Го сакам Чуи толку многу – ве молам сакајте го и грижете се за него.“
За среќа, Чуи не бил сам долго.
Го пронашла љубезна личност која го однела во најблискиот стационар за спасување бездомни животни, каде му била пружена потребната помош.
Кога целосно ќе закрепне, Чуи ќе биде подготвен за вдомување.
Вработените во стационарот само посакуваат и приказната на неговата сопственичка да има ваков среќен крај.
М. Д. | Црнобело