5 знаци дека вашето куче навистина ве сака
Веројатно сите се сеќавате на познатата лектира Доктор Офболи од Корнеј Чуковски и постоел одреден момент кога силно сте посакале да може да разговарате и да се разбирате со животните.
Сепак, одредени луѓе тврдат дека и покрај неможноста за вербална комуникација со животните тие се разбираат подобро со нив отколку со други луѓе.
Всушност, како може да почувствувате дека вашето куче навистина ве сака?
Ова се 5 неоспорни знаци дека вие сте најважната личност во неговиот свет:
Контакт со очите
Објаснувањето е дека кога кучето ве гледа директно во очи со полно внимание, тоа е неговиот начин да ви даде прегратка. Кога кучето воспоставува контакт со очите почнува да се ослободува хормонот окситоцин, истиот оној хормон кој е одговорен за среќа и задоволство кога се поврзуваме со други луѓе на иста бранова должина.
Се гали со вас после јадење
Нормално е кученцата да скокаат весело околу вас и да се галат и мазат додека го чекаат нивниот оброк. Но, доколку тоа го прават и откако ќе се најадат, тоа е сигурен знак дека вистински ве сакаат вас, не само храната која им ја давате.
Се проѕева откако вие сте го сторите истото
Кучињата кои чувствуваат вистинска поврзаност со сопственикот скоро инстантно ќе се проѕевнат откако вие сте го сториле тоа.
Му се допаѓа вашиот мирис
Кучињата секојдневно се изложени на многубројни миризби и дразби кои ги „скенираат“ со помош на мозокот. Тие силно реагираат на различни телесни миризби од различни луѓе. Но, доколку на вас особено се радуваат тоа значи дека реагираат на вашиот сопствен мирис со љубов.
Ви се насмевнува
Навистина лесно е да се препознае насмевката кај секое куче. Кога е опуштено и релаксирано со полуотворена уста, сјајни очи и исплазен јазик, тогаш знаете дека ви се смешка и дека љубовта која ја чувствува кон вас е вистинска, чиста и неоспорна.
Се препознавте ли себеси и вашето кученце?
(О)Милена | Црнобело