Слика полна емоции: Стар мачор го држи за рака сопственикот, пред да почине
Од првиот момент кога вашиот миленик збунето ќе зачекори низ вашиот дом, до последните погледи - годините се исполнети со љубов и радост.
Ако, само никогаш не би морале да заборавиме на нив, ниту да си заминат од нашиот живот...
Reddit корисникот, abernha3, решил да го сподели емотивниот момент кога неговиот мачор, 15-години стариот Ендру, држејќи ги за рака него и неговата сопруга, ги тешел сè до последниот момент кога морал да си замине.
Додека се возеле кон ветеринарот, мачорот Ендру ја ставил шепата на својот сопственик и така го држел до неговата последна посета на ветеринарот.
„Малиот Ендру ми беше сè. Имаше 15 години и сите ги сакаше, но последната година стана многу болен и стар. Уживаше во секој ден од неговиот живот, но знаевме дека е време... Нè држеше за раце на последното негово патување до ветеринарот“ - објаснил сопственикот.
За утеха на сопственикот, другите корисници започнале да возвраќаат со свои фотографии:
Н. Г. | Црнобело