Научниците велат - мачките разбираат физика
Кое животно сметате дека е најинтелигентно? Тешко прашање, секако, бидејќи различни видови на животни се добри во различни задачи.
Токму од оваа причина, јапонските истражувачи неодамна решиле да се концентрираат на ова прашање и да откријат кое животно е подобро од останатите во една од најтешките науки - физиката.
Одговорот е - мачката.
Задачата со која ги тестирале мачките била таква што им биле покажани две чинии, едната празна, другата со храна, кои полека се движеле и на крајот завршувале сокриени позади завеса. Целта била да се провери кое животно ќе сфати дека чинијата со храна треба да исчезне од едната страна, а да се појави од другата страна на завесата и таму да истрча за да ја дочека.
Многу животни не успеале да го направат ова, вклучувајќи ги и мајмуните.
За мачките, кои поминале на тестот, добиле и уште потешка задача.
Следна задача која ја добиле била да го поврзат звукот кој се слуша со одредени предмети. Се слушало како зуење од време навреме, а мачките набрзо сфатиле дека со секој звук, треба да се појави предмет.
Експериментот докажал дека мачките имаат разбирање и можат ги поврзат причината со последицата, еден од основните закони на физиката.
Н. Г. | Црнобело