Направено првото вино за мачки - За да имате друштво кога пријателите ќе ве откачат
Ах, вино вино... На сите ни е познат крајот од денот по напорен ден во канцеларија, чаша убаво вино, омилена книга или филм и мачка во скутот.
Или друго сценарио: ви се излегува и ви се пие, но ниеден од вашите пријатели не е слободен.
Ако се чувствувате виновни дека вие уживате во убавината на виното, а вашата мачка љубоморно ве набљудува, тогаш слободно може да го купите првото вино за мачки.
Виното е направено од најубавите состојки кое „ги задоволува дури и најпребирливите мачки“ вели компанијата Apollo Peak - креаторот на ваквиот необичен пијалак. И не грижете се, вашата мачка не може да има мамурлак, бидејќи производот е направен од локална произведена мачкина трева (catnip) и органски произведена репка за да ја имитира бојата на виното.
Вие и вашата мачка може да избирате помеѓу двата вкуса: Pinot Meow и MosCATo кои нудат неверојатно доживување и претставуваат алкохолна уметност во чаша.
А, ако вашата мачка сака да се чувствува како вистински сомелиер и е добар познавач на вина, компанијата продава малечки шишенца за уникатно еднократно дегустирање:
С. С. | Црнобело