Кога мислите дека сте губитник, сетете се дека вашиот миленик ве гледа како херој (фото)
Ако сте сопственик на домашен миленик тогаш сигурно ви е познат концептот на безусловна љубов. Нашите „бебиња“ знаат дека нема нешто што не би го направиле за нив, а ние знаеме дека тие секогаш ќе нѐ сакаат и ќе се грижат за нас.
Но, ние не секогаш се гледаме онака како што не гледаат нашите миленици. Можеби не ни се допаѓа она што ќе го видиме во огледалото, но честопати нашите животни нѐ гледаат како да сме најубавите луѓе на планетава.
Можеби мислите дека не ве бива во кујната, но кога ќе поставите чинија со кучешка крана, вашето кученце ве гледа како најдобриот готвач на светот.
Сознанието дека нашите миленичиња нѐ гледаат во толку позитивно светло може да биде важен потсетник за убавината на нашите уникатни квалитети. И секако, секогаш е убаво да се знае дека има некое прекрасно суштество кое секогаш ќе нѐ сака.
С. С. | Црнобело