Мачорот кој заради вродена маана има трајно изненаден израз (фото)
Кевин бил пронајден на паркинг и однесен на ветеринар кога имал само четири недели и многумина би рекле дека не е типична мачка, по неговиот изглед.
„Бев предупредена дека нема да преживее повеќе од 6 недели и да не се приврзувам за него“ - вели Талија, сопственичката на Кевин.
„Си реков на себе дека дури и да почине, морам да му дадам што е можно повеќе љубов за тој период додека е жив. Четири години подоцна тој е сè уште жив и среќен“ - додава таа.
Кевин има хидроцефалус - течност во мозокот. Сериозна состојба која му ги одзела видот, слухот и поголемиот дел од мозочните функции.
Но, очигледно љубовта му дала втора шанса, тој е најсреќната и најсмешната мачка која полни четири години:
Н. Г. | Црнобело