Сопственикот кој по две години повторно се среќава со изгубеното куче (видео)
Кучето му помогнало да помине низ некои од најлошите моменти и периоди од неговиот живот, но го оставил на пријател и никогаш не го добил назад. Сè додека случајно, повторно не се пронашле, благодарение на вградениот микрочип.
Хозе се развел од сопругата, станал бездомник, живеел во неговиот автомобил, но решил да си земе кутре. Го крстил кучето Хаос, бидејќи било преполно се енергија и елан.
„Хаос ми помогна многу, го носев секаде со мене“ – вели сопственикот.
Замолил свој пријател да го почува Хаос сè додека не најде место каде ќе можат да живеат заедно, но кога го побарал назад, неговиот пријател одбил да му го даде.
Две години откако го изгубил Хаос, добил повик од „Winnebago County Services“ – откриле преку микрочипот дека кучето кое го пронашле припаѓа токму на Хозе.
„Останав без зборови, не можев да престанам да се смеам, не ми се веруваше“ – вели Хозе.
Ова видео е токму од нивната средба две години откако патиштата им се разминале:
Н. Г. | Црнобело