Хит на Фејсбук: Хаската која цело време сака да се бања
Многу е јасно каде најмногу хаската Зевс сака да го поминува своето време од само едно слатко видео - кадата.
А, моментот кога неговата сопственичка очајно се обидува да го помести од истата, наидува на бесрамно одбивање проследено со сериозно „жалење“ од негова страна.
Токму поради ваквите моменти, се вели дека хаските се една од најтврдоглавите раси, кои се интелигентни за своите потреби, но имаат потреба од екстра мотивација за исполнување на желбите на нивните сопственици.
Од видеото кое стана хит на Фејсбук можеме да забележиме дека оваа хаска навистина обожава да си игра и едвај чека водата од кадата да биде пуштена.
Психологот и експерт за кучиња, Стенли Коен, од Универзитетот на Британска Колумбија, вели дека кучињата кои „зборуваат“ се обидуваат да имитираат звуци или фрази од кои знаат дека ќе добијат награда, во овој случај, екстра време во кадата.
Видеото од Зевс кое е чист пример за ова однесување за краток период е прегледано над 13 милиони пати:
Н. Г. | Црнобело