Позитив на денот: Трансформација на прегладнето куче кое било спасено од сигурна смрт
Прегладнето кутре се нашло во центарот за згрижување на животни во Гранада, Шпанија, откако било пронајдено од еден неверојатен човек.
Градните коски видно се познавале и не било способно да оди, ниту да стои на сопствените нозе, но работите се промениле откако било пронајдено од Едуардо Родригез.
Пред само 7 недели, Родригез, сега сопственик на ова неверојатно кутре, го однел во најблискиот центар за згрижување на животни каде ја добило неопходната грижа.
Ветеринарите му рекле дека ако ја донел барем еден ден подоцна, воопшто немало да преживее.
Поради состојбата во која било најдено, сега е крстено „Шпагети“, има добиено мускулна маса, повторно добило на тежина и има свој дом и среќен сопственик.
Н. Г. | Црнобело