„Надежен уметник“: Хаска оставена 3 часа сама го обоила целиот стан со мастило
Кој рече дека дизајн на ентериери не е добра професија за кучиња? Една хаска се одлучила да го докаже спротивното истата секунда кога неговите сопственици заминале на кино.
За помалку од 3 часа, надежниот уметник успеал да го претвори целиот стан во свое платно.
Кучето го „ослободило својот скриен талент“ така што стапнало со своите шепи во мастило и ги претворило подовите (и сѐ останато кое се нашло на патот) во огромно парче уметност.
Уметникот дури и „се потпишал“ на креветот за да ги заштити своите авторски права. Иако неговиот нов дизајн морал да биде исчистен од неговите сопственици сепак се надеваме дека овој брилијантен уметник ќе го добие заслуженото признание.
Како што објаснуваат неговите сопственици кои го поттикнале вниманието за уметничкото дело, хаската користела „традиционално мастило за кинеска калиграфија“ што е „100% биолошко и безбедно, без отрови за кучиња и луѓе.“
С. С. | Црнобело