Како вдоменото куче може да ви го промени животот? (видео)
6-минутното видео, направено од реални снимки во комбинација со цртежи и анимации ја раскажува приказната на Ерик О’Греј и неговиот миленик.
Благодарение на неговиот вдомен пријател Пити, Ерик успеал да се избори со дијабетес тип 2 и сите пропратни здравствени проблеми.
Нивната взаемна трансформација е повеќе од емотивна, затоа подгответе се:
Верувајте во промената која вдомениот миленик може да ви ја донесе и уште викендов пронајдете го вашиот нов најдобар пријател.
Не ги пропуштајте настаните кои ќе се случуваат овој март со цел намалување на бројот на бездомни животни. Не знаете како токму тие може да го трансформираат вашиот живот.
М. Д. | Црнобело