Куче случајно истрчало маратон и добило награда за освоено 7-мо место
2-годишно куче од Алабама биле пуштено на прошетка од своите сопственици, случајно наишло на група луѓе кои трчале и покрај нив ја истрчало локалната маратонска трка, завршувајќи на 7-мо место.
Лудивејн е ловечко куче од Елкмонт, мал град со население од 400 жители. Нејзината сопственичка, Ејприл Хамлин, ја пуштила да се прошета кога случајно наишла на маратонци.
Секогаш расположена за трчање, Лудивејн го „прифатила“ предизвикот и заедно со маратонците истрчала 21km во 1 час и 30 минути.
Завршила со трката на 7-мо место и за тоа добила медал.
Нејзината сопственичка воопшто не била свесна дека нејзиното куче се натпреварува на трка, сè додека пријателите не почнале да и праќаат фотографии од Лудивеј.
Н. Г. | Црнобело