Детенце плаче од среќа кога ќе го здогледа своето изгубено куче (видео)
Паула Вилијамс која живее во Лубок, Тексас, на градската Фејсбук страна за изгубени миленици објавила видео од нејзиниот син кој се расплакува од радост откако го здогледува своето изгубено куче.
Покрај видеото, таа објаснува дека нивното куче Кејс се изгубило пред месец дена, а сега конечно успеале да го пронајдат. Семејство кое живее на истата улица го згрижило кучето.
Паула решила да го сними моментот кога радосните вести ги споделува со својот син. Во видеото јасно можете да слушнете дека таа му вели на својот син дека има изненадување за него.
Малото момче откако го здогледува кучето за краток момент останува шокирано пред емоциите да испливаат на површина.
Погледнете го среќниот крај на малото момче и изгубеното куче:
Н. Г. | Црнобело