Пар направил божиќна маса за нивното куче да ги прослави празниците со „пријателите“
Кели и Зак Фур се пар кој живее во Версај, Кентаки. За да ги прослават новогодишните и божиќните празници, тие решиле да направат „детска“ маса за нивното куче и неговите пријатели.
Парот ја испратил фотографијата на локалната ТВ станица Lex 18, а потоа истата почнала да се споделува на Фејсбук.
„Се чини дека ова семејство е подготвено за доаѓањето на Дедо Мраз“ – била паролата под која веста, односно фотографијата се објавила во ТВ емисија на оваа станица.
Подоцна парот објавил уште неколку фотографии од кучињата.
Во една прикажана е сцената на раѓањето на Исус:
Во друга сите кучиња се помошници на Дедо Мраз:
По нив, многумина ги споделија фотографиите од своите миленици и како тие ги слават новогодишните и божиќните празници: