Остров на кој луѓето одат за да се гушкаат со зајчиња (фото)
Еден мал остров во Јапонија неодамна стана туристичка атракција за сите љубители на животните кои сакаат да имаат контакт со голем број на зајаци – островот Окуношима уште е познат и како остров на зајаците.
Не е познато како островот станал пренаселен со зајаци, но познато е дека меѓу 1930-та и 1945-та година овој остров бил користен како место за истражување на различни типови на отрови и се верува дека главните тест субјекти биле зајаците.
Островот досега бил непознат, но благодарение на социјалните мрежи каде се прикажуваат луѓе кои се буквално соборени на земја од зајаци за храна, островот полека стана една од поглавните туристички атракции во Јапонија.