Делење на креветот со милениците: добра или лоша одлука?
Спиењето само по себе е активност која му помага на телото да се одмори и да надомести за потрошената енергија во текот на денот.
Делењето на креветот со некој кој ви е мил може да ви донесе уште поголема релаксација, посебно ако тој некој е вашиот пријател со четири нозе.
Според најновото истражување на Центарот за медицина на спиењето при клиниката „Maјo“ во Скотсдејл, Аризона му помага на телото да се ослободи и релаксира и влијае врз квалитетот на сонот.
Според резултатите од истражувањето 56% од испитаниците спиеле со куче или мачка. Од нив само еден мал дел, околу 20%, одговориле дека не можат да се одморат убаво заради присуството на нивниот миленик во креветот.
Останатите 41% пак, одговориле дека спијат поубаво кога нивните миленици се до нив, бидејќи се чувствуваат посигурни и заштитени. Ваквото чувство било посебно изразено кај лицата кои живееле сами.
Една постара госпоѓа на 64 години изјавила дека се чувствува посреќна кога нејзиното кученце легнува да спие покрај нејзините нозе. Друга ги опишала своите кучиња како помошници кои ѝ го загреваат креветот, а нејзината мачка спие покрај нејзиното чело дејствувајќи како лек за смирување.
„Голем е бројот на луѓе кои чуваат домашни миленици и истите ги сметаат за дел од семејството и се обидуваат на многу начини да ги вклопат во семејниот живот“ – изјавуваат истражувачите.
„Имајќи предвид дека ние, луѓето, поминуваме огромен дел од нашиот живот во спиење, сосема нормално е што сопствениците на животни сакаат да го споделат дури и спиењето со своите миленици“ - додаваат.
М. С. | Црнобело