Куче, мачка, гуштер или риби: Што кажува изборот на миленик за вас?
Дали сакате повеќе мачки или кучиња? Или можеби риби или птици? Изборот на домашен миленик зборува многу за вас.
Истражувањата покажуваат дека љубителите на мали кучиња сакаат и пратат мода, додека оние што чуваат мачки се заинтересирани за уметност.
Дознајте какви сте на основа на вашиот миленик:
Истражувањето е спроведено на Универзитетот во Тексас, на примерок од 4.500 луѓе. 46% од испитаниците одговориле дека повеќе сакаат кучиња отколку мачки. За мачки се определиле 12%, додека преостанатите се изјасниле за други миленици.
Што кажува изборот на мачка или куче за домашен миленик?
Љубителите на кучиња се посовесни и поодговорни луѓе од оние кои сакаат мачки дури за 11%.
Дружељубиви се, добри пријатели, позитивни и многу енергични како нивните домашни миленици уживаат во спортски активности.
Од друга страна пак, оние кои чуваат мачки се слободоумни, филозофски настроени, креативни и талентирани за уметност.
Типичен љубител на мачки сака да биде сам и да пробува нови работи.
Освен по карактерот, оние кои чуваат кучиња неретко одбираат кучиња со кои физички личат.
Така на пример, жените со долги коси би одбрале бигл или спрингер, додека оние со кратка коса би одбрале хаски.
Оние кои се определуваат за мала раса покажуваат интерес кон модата. Љубители се на модни додатоци во кои често ги вбројуваат и кучињата кои се доволно мали за да влезат во чанта. Сакаат да се негуваат себеси и својот миленик.
Поголемите и поенергични кучиња како што се лабрадорот , боксерот или шарпланинецот ги одбираат луѓе кои сакаат да поминат време на свеж воздух и уживаат во спортски активности.
Што е со алфа мажјаците? Доминантните карактери чуваат доминантни кучиња. Питбул, ротфајлер или доберман се најдобри пријатели на луѓе кои се дружељубиви , но изгледаат арогантно и сериозно.
Мачките се најчесто миленици на луѓе кои се доста зафатени односно, на кои им треба домашен миленик кој нема многу барања и потреби.
Иако имаат малку време за миленикот , сепак сакаат љубов и внимание од некое животинче. Ако имате истенчен вкус за стил и елеганција најверојатно ќе изберете персиска или хималајска мачка.
Ваквите мачки ги чуваат луѓе кои се големи гурмани, љубители на уметноста и сакаат да уживаат во луксуз.
Индивидуалците пак, одбираат змија или некој вид гуштер за миленик. Суштинското определување на овие луѓе кои вдомуваат егзотичен домашен миленик е присутноста на опасност во нивниот дом.
Оние пак кои уживаат во друштво на птици се ѕвезди на секоја забава. Отворени се, комуникативни и сакаат да бидат во центарот на внимание. Додека пак оние кои чуваат риби се принципиелни и верни на добро проверената рутина.
Н. Т. | Црнобело