Ретка фотографија од легендарното куче Хачико
Пронајдена е ретка фотографија од Хачико, кучето од раса акита кое е најпознато по својата неизмерна верност кон својот сопственик. На фотографијата, Хачико лежи и го чека својот сопственик пред станицата Шибуја во Токио.
Фотографијата направена е во 1934-та година од страна на Исаму Јамамото, поранешен банкар кој живеел во оваа област. Пронајдена е од страна на семејството Јамамото, додека ја чистеле својата куќа и ја поклониле на скулпторот Такеши Андо. Токму во таа година, првпат е направен споменик од верното куче.
На фотографијата Хачико одмара на стомак близу портата на станицата, а патниците се чини дека воопшто не го забележуваат.
„Хачико совршено се вклопува во средината. Никогаш претходно немам сретнато фотографија која толку добро го прикажува секојдневниот живот на ова куче“ – вели Андо.
Хачико во тој период бил секојдневна и добро позната глетка.
Првата статуа е креирана од страна на Теру, таткото на Андо токму во таа 1934-та година кога е направена и фотографијата.