Едноставен трик со кој ќе проверите дали е премногу жешко за да го шетате миленикот
Кога температурите се неподносливо покачени потребно е да не заборавите и на вашиот миленик. Онака како што на нас ни пречат жештините, така и тие може да имаат топлотни удари и од прва рака допир со топлината на нивните шепи.
Кога веќе станува збор за нивните шепи, замислете што значи истите да имаат директен контакт со жешкиот асфалт и замислете кога вие би требало да пешачите боси. Неподносливо жешко?
Токму затоа Moon Valley Canine Training на својата Фејсбук страна го објавиле овој прилично едноставен трик како да проверите дали вашиот миленик може и би сакал да пешачи.
Трикот е прилично едноставен: „Наместете ја раката на асфалтот поставена обратно. Ако не можете да ја задржите на асфалтот ниту 5 секунди, тогаш е премногу жешко за да го шетате кучето“.
Така што ако не го издржите овој тест, а знаете дека вашиот миленик има потреба од пешачење, тогаш најдобра опција е да пронајдете тревник или место кое во главно под сенка. И секако, не заборавајте да понесете вода со вас и да внимавате на нив, ако подолг период сте во прошетка.
Трикот е прилично едноставен и ефективен. Се согласувате?
Можеби е многу очигледен, но служи како потсетник да внимавате на вашиот миленик и да го направите среќен и задоволен.