Вистински мал борец: Mачка родена со две шепи која ќе ја обожавате
Запознајте ја Пенкејк. Тоа е мачка која има само две шепи, а нејзината животна приказна покажува дека таа сепак заслужува да биде домашен миленик исто како и сите други мачки.
Пенкејк се родила само со две задни шепи, а сопственичката не можејќи никому да ја подари,како што тоа го направила со останатите мачиња во леглото, одлучила да ја задржи и даѝ помогне колку што може повеќе.
На почетокот, нејзината сопственичка ја хранела со помош на мали лажички, бидејќи Пенкејк единствено лежела на грб и не правела ништо.
„Се будев сред ноќ по неколку пати за да ја нахранам, но со текот на времето таа почна да се бори за својот живот и почна да јаде сама и да си игра како и сите други мачиња. Единствено неаѝ требаше повеќе време” - вели нејзината сопственичка.
Нејзината храброст и желбата за живот ја направиja Пенкејк иста како и сите други домашни миленици: