Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Биди нечиј пример во светот секој ден!

Не се важни оние кои сакаат да го променат светот, а не прават ништо околу тоа. Важни се оние кои сакаат да го променат светот и започнуваат од промена кај себеси, а потоа и другите.

bidi-necij-primer-vo-svetot-sekoj-den-1

Доколку сакате навистина да ја видите промената во светот, бидете вие таа промена, бидејќи никој нема да го направи тоа за вас.

Да бидеш нечиј пример секој ден е многу лесно, а верувајте и едноставно.

Некогаш ќе мора да се соочиш со сериозни и поголеми работи, но тие ќе ти дојдат во пресрет кога ќе знаат дека си спремен, односно кога ќе видат дека лесно ги извршуваш помалите задачи.

Тие задачи ти ги задаваат умот, срцето и човечноста.

Ова го сфатив еден ден кога гладна се упатив кон сендвичара да си купам нешто за јадење.

На враќање не можев да издржам и изедов половина сендвич. Се почувствував сита.

Низ нозете почна да ми се вртка едно кученце кое очигледно бараше нешто за јадење, а јас бидејќи бев доволно сита му го дадов да го дојаде мојот сендвич.

Ме виде еден возрасен маж и ми се насмевна изустувајќи "Браво девојче".

Се почувствував корисно за околината и хумано што му помогнав на кученцето и од тогаш започнав да ги хранам и другите кучиња на улица.

Чувство кое се разбуди во мене во моментот кога човекот ме охрабри ме натера да сфатам дека сакам да бидам нечиј пример во животот секој ден.

Бидете и вие нечиј пример, правете нешто што не би го направил секој. Охрабрувајте ги сите околу вас да прават нешто поразлично и добро.

Само така со ќе бидете нечиј пример и ќе станете сечиј пример. И верувајте, тоа иако е мала работа има големо значење.

Бидејќи малите работи, односно малите промени се оние кои го менуваат овој голем свет.

Би можело да ве интересира:

Бенгалски тигар, нилски коњ - Кои се најсмртоносните цицачи на Земјата? Некои цицачи имаат неверојатна сила и моќ, а човечката средба со нив може да бид...
Забавни илустрации што реалистично го прикажуваат животот со мачка Омилените места им се шкафот и вашиот ранец, а ако имате мачка, заборавете на ли...
Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
Смешна фото-компилација: Ситуации што им се познати на сите кои чуваат мачка Скршена вазна, истурена корпа за ѓубре… Ако имате мачка, сигурно ќе се пронајдет...
Најмалите животни во светот – некои се долги само 2 сантиметри Најмалиот водоземец е жаба долга само 1cm. Дознајте кои се најмалиот цицач, најм...
15 фотографии од мачки кои ќе ве насмеат и расположат Ако чувате мачка сигурно барем еднаш сте се смееле до солзи откако направила неш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg