Работи кои добрите сопственици никогаш не им ги прават на своите кучиња

Го удираат, ги прескокнуваат посетите на ветеринар и делат од нивната храна со него без да проверат дали е безбедна – кои се најчестите грешки што ги прават сопствениците на кучиња?

raboti-koi-dobrite-sopstvenici-nikogash-ne-im-gi-prava-na-svoite-kuchinja-01.jpg

Грижата за куче претставува огромна одговорност. Покрај редовното изнесување надвор, постојат и безброј други ситници на кои мора да се обрне внимание.

Што значи, дури и оние кои со години чуваат кучиња, можно е да прават некои грешки.

Најчестите грешки на сопствениците на кучиња:

Ја запоставуваат оралната хигиена

Како за луѓето, добрата грижа за забите е важна и за кучињата. Во спротивно, и нив им се расипуваат забите, а можат да им се јават и болести на непцата.

Препорачливо е да ги миете забите на кучето (барем) трипати неделно.

Консултирајте се со ветеринар кој ќе ви даде соодветна четка, но и ќе ви покаже како правилно да ги миете забите на кучето.

raboti-koi-dobrite-sopstvenici-nikogash-ne-im-gi-prava-na-svoite-kuchinja-02.jpg

Ги чуваат врзани со ланец

Потребно е кучињата да минуваат време надвор, но дефинитивно не е хумано да бидат чувани само во двор, и тоа врзани со ланец.

Некогаш е во ред да го врзете кучето – можеби ви дошле гости кои се плашат од него. Но, никако не го оставајте постојано врзано.

Не заборавајте дека и кучињата чувствуваат емоции.

raboti-koi-dobrite-sopstvenici-nikogash-ne-im-gi-prava-na-svoite-kuchinja-03.jpg

Ги оставаат во автомобилот

Никогаш не е препорачливо да го оставите кучето затворено само во автомобилот.

Во летните денови, кога времето е топло, кучето може и да умре од високите температури.

Покрај тоа, дури и ако времето е убаво, кучето може да се исплаши ако долго време е затворено во автомобил.

Во некои држави всушност е и нелегално да го правите ова.

raboti-koi-dobrite-sopstvenici-nikogash-ne-im-gi-prava-na-svoite-kuchinja-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...
Дресер на кучиња открива кои раси никогаш не би ги вдомил – Непријатно мирисаат и не се пријателски ... „Мрсната кожа ги прави да мирисаат лошо, без разлика колку често се капат. Од ми...
5-те најнепослушни раси според луѓе кои чуваат куче Во истражување спроведено од страна на Forbes, се покажало дека малите раси на к...
Лесно се дресираат, лојални се: Кои се најинтелигентните раси на кучиња? Кучињата од расата бордер коли се сметаат за најинтелигентни во светот, а на лис...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg