10 грешки што треба да ги избегнувате ако (првпат) чувате мачка
Никако немојте да ѝ ги сечeте ноктите и немојте да ѝ давате млеко – Кои се најчестите грешки што ги прават луѓето кои (првпат) чуваат мачка?
За разлика од кучињата, мачките се многу понезависни и генерално се миленици кои не одземаат многу време.
Речиси веднаш откако ќе ги вдомите, самите учат каде треба да одат во тоалет, а вие само треба да им го чистите песокот.
Сепак, иако не се животни кои бараат многу нега, треба да обрнете внимание на некои работи.
10 најчести грешки што ги прават луѓето кои чуваат мачка:
Ѝ го потстрижувате крзното
Некои раси на кучиња мора да се носат на фризер. Но, ова не важи за мачките, дури ни за оние со долго крзно.
Најпрво, потстрижувањето може да биде многу стресно за мачките, а отстранувањето на крзното може да направи да се чувствуваат поранливо.
Во летните денови, само осигурете се дека мачката ќе престојува во климатизирана просторија и давајте ѝ повеќе вода.
Го игнорирате нејзиниот личен простор
Ако забележите дека мачката не сака да се гали и да си игра, не инсистирајте и почитувајте го нејзиниот личен простор.
Исто така, во еден дел од домот треба да ѝ ставите креветче и да не ја вознемирувате кога е таму.
На мачките им треба место во домот на коешто ќе се чувствуваат безбедно.
Ја бањате
Освен ако не станува збор за многу валкано маче што сте го нашле на улица, воопшто нема потреба да ја бањате вашата мачка.
Веројатно и самите забележувате дека тие си го чистат крзното по неколкупати во текот на денот.
Мачките се чисти животни и единствено треба да им го чешлате крзното, особено во периодот на митарење.
Ѝ давате млеко
Ова е мошне популарен мит, но мачките не треба да пијат млеко, ниту да консумираат млечни производи.
Тие немаат ензими кои го дигестираат млекото, па можат да настанат проблеми, како дијареја.
Ја храните само со сува храна
Најдобро е да ја храните мачката со комбинација од сува и влажна храна.
Сувата храна е полесна за дигестија и може да ги спречи проблемите како констипација.
Сувата храна е одлична за ужина.