15 правила за посреќен живот
Во потрагата по своето парче среќа на овој свет, постојат сигурни чекори кои ќе ви обезбедат поубав и посреќен живот. Секогаш имајте на ум дека треба...
...да го живеете секој ден како последен.
А, овие 15 совети веруваме дека ќе ви помогнат:
1. Излезете и останете надвор од зоната на комфорот. Најважните работи во животот ни се случуваат кога не сме заштитени.
2. Никогаш не се откажувајте. Кога ќе паднеш, стани и продолжи.
3. Кога се спремате да се откажете, тогаш сте поблиску до целта одошто мислите.
4. Подгответе се на најлошата можна варијанта.
5. Фокусирајте се на она што сакате да се случи. Буда рекол: Она што мислиш дека си – тоа и стануваш. Мисли позитивно.
6. Денес решете ги сите важни работи.
7. Секогаш грабајте напред. Не се откажувајте во образованието и истражувањето нови работи.
8. Брзо одлучувајте. Некогаш е подобро енергично да го спроведете добриот план денес, отколку совршениот план утре.
9. Мерете се што вам ви е важно. Едно правило вели дека сите нешта кои се мерат и надгледуваат со текот на времето можат да се подобрат.
10. Внимавајте на вашите соперници, но многу повеќе пазете што правите вие самите.
11. Престанете да очекувате животот да биде фер. Животот никогаш не е фер.
12. Решавајте ги сопствените проблеми.
13. Се’ што не се одржува – ќе се расипе.
14. Разведрете се и не го сфаќајте животот премногу озбилно. Повеќе од половина од работите кои ни се случуваат и онака ги должиме чисто на среќата.
15. И без оглед на се - смејте се. Причина за насмевка секогаш постои, само вие треба да ја пронајдете. Секој ден.