7 најголеми гревови што можете да ги направите кога сте гостин во туѓ дом
Како се однесувате кога ќе отидете на гости во туѓ дом? Дали кревате нозе на мебелот, менувате тоалетна хартија ако ја потрошите, дали станувате сами да си земете вода? Постојат работи кои не смеете да ги правите, колку и да сте блиски со домаќините.
Затоа, освен ако тие не ви кажат дека е во ред да ги кренете нозете на каучот, да станете по вода или каде им стои пешкирот за раце што заборавиле да го стават, не правете работи што ќе ве направат гостин што е најголем кошмар за домаќините.
Ако останете на гости неколку дена, а не само на кафе, тогаш е во ред да прашате каде стои тоалетната хартија и да ја смените ролната ако вие ја потрошите, но не и кога сте само на обични гости.
Истото се однесува и за пешкирите за раце. Ако по некоја случајност ви падне или се намокри, прашајте каде стојат чистите пешкири или најавете дека треба да се замени стариот со нов.
Никогаш не ги ставајте нозете на мебелот. Дури и да имате навика дома да седнете врз нозете, или да си ги кренете на масата, зашто така ви е убаво, заборавете на сето тоа кога сте на гости.
Кога домаќинот ќе ви донесе пијалак или чаша вода, ако заборави, побарајте му да ви даде подметнувач за чаши. Така нема да се направат кругови на масата, кои понекогаш тешко се чистат (зависно од материјалот од кој е изработена).
Треба да ги соблечете чевлите или не? Секој дом има различно правило, па наместо да се мислите што да правите, едноставно, прашајте. И прифатете го нивниот совет.
Кога сте на гости кај роднини или пријатели повеќе од еден ден, веројатно ќе се понудите да им помогнете со домашните обврски. Ако меѓу нив е и враќањето чаши во плакарот, прво прашајте како ги чуваат чашите – со дното долу или свртени наопаку. Дури потоа наредете ги како што ви кажале.
Ако сте спиеле на гости макар и една вечер, пред да си одите, извадете ја постелнината и ставете ја за перење. Не оставајте тоа да го направи вашиот домаќин.
А. Ј. | Црнобело