„Работам во секс-шоп - кои се најчестите грешки на купувачите?“ (18+)
Немојте да ги фотографирате играчките и однесувајте се учтиво кон вработените – продавач во секс-шоп ги открива најчестите грешки на купувачите.
Дек Бауринг работи во популарен секс-шоп во Лондон.
Во двете години откако е вработен, забележал дека некои купувачи прават работи кои ги иритираат продавачите, но и кои прават другите купувачи да се чувствуваат непријатно.
За Insider, тој ги споделува најчестите грешки:
Немојте да фотографирате во продавницата
Обично фотографирањето е забрането во продавниците, но Дек вели дека тој и неговите колеги некогаш дозволуваат правилото да се прекрши.
Во ред е ако сакате да фотографирате нешто за да се консултирате со партнерот, но прво прашајте го продавачот за дозвола.
Од друга страна, не е во ред да фотографирате ако во продавницата има некој друг бидејќи сигурно ќе се чувствува непријатно.
Исто така, не треба да фотографирате ако целта ви е да се потсмевате на некои играчки – ако го правите тоа, веројатно и продавачот ќе ви рече да го тргнете телефонот.
Не ги отворајте кутиите
Дек имал бројни непријатни искуства со купувачи кои ги отворале кутиите и правеле неред.
„Разбирам дека големината, материјалот и слично се важни, но продавницата не е место каде што можете да ги пробате играчките. Ова важи за сите продукти, вклучувајќи ја и долната облека“.
Тој советува дека е најдобро да го замолите продавачот да ви покаже некој продукт доколку е спакуван во кутија.
Немојте да си играте со продуктите
Дек видел и многу купувачи кои наместо да разгледуваат, почнувале да си играат со продуктите.
„Честопати влегуваат парови кои кога ќе ги видат камшиците, почнуваат на шега да се удираат со нив. Истото го прават и со дилдата“.
Дек истакнува дека иако ова му е смешно и нему, некои луѓе не се чувствуваат пријатно кога се во секс-шоп, па ваквото однесување само прави да се чувствуваат уште полошо.
Немојте на глас да се смеете за некои играчки
И овојпат причината се купувачите кои не се чувствуваат пријатно.
Многу луѓе се срамат кога треба да купат секс играчка. Па, ако забележат дека некој на глас се смее за нешто што размислувале да го купат, ќе се чувствуваат уште полошо.
„Сакам да сфатите дека купувачите се дискретни луѓе, луѓе кои пробуваат да ги откријат нивните сексуални фантазии. Кога вие се смеете на тоа, правите да се чувствуваат како да се во зоолошка“.
Немојте да ги вознемирувате вработените
Ова важи за вработени во какви било продавници, не само во секс-шоп.
Бидете учтиви, не се однесувајте арогантно и не заборавајте дека само затоа што некој работи во секс-шоп, не значи дека сака да флертувате со него.
Спирова С. | Црнобело