„На секој брод има мртовечница“: Луѓе кои работеле на крузер споделуваат тајни и луди искуства

„Неколкупати требаше да ги изнесеме водните топови на палубата во случај да се појават пирати. Но, никогаш не сме налетале на пиратски брод“.

na-sekoj-broj-ima-mrtovechnica-lugje-koi-rabotele-na-kruzer-spodeluvaat-tajni-i-ludi-iskustva-01.jpg

За многумина, работењето на брод изгледа како работа од соништата – имате можност да го прошетате светот, а притоа добивате и плата.

Сепак, оние кои работеле на брод иако се согласуваат дека искуството е незаборавно, истакнуваат и дека оваа работа не е воопшто лесна.

На Редит, неколку луѓе ги споделуваат тајните и лудите искуства од работа на брод:

„Нема ограничување за пиење. Алкохолните пијалаци се 2 долари, а пивото е 1 долар, па лесно е да се опиете без да направите голема сметка. Но, ако има итен случај, мораме да бидеме подготвени, па пиењето е огромен ризик“.

„Има мртовечница на секој брод. Обично постари луѓе одат на крстарење, па некогаш има и смртни случаи, а мора да има место каде што ќе се чува телото“.

na-sekoj-broj-ima-mrtovechnica-lugje-koi-rabotele-na-kruzer-spodeluvaat-tajni-i-ludi-iskustva-02.jpg

„Мешањето со гости е строго забрането навечер, но сите го кршат ова правило. Треба да бидете навистина креативни за да го избегнете обезбедувањето ако сакате да одите во кабина на некој гостин“.

„Неколкупати требаше да ги изнесеме водните топови на палубата во случај да се појават пирати. Но, никогаш не сме налетале на пиратски брод“.

na-sekoj-broj-ima-mrtovechnica-lugje-koi-rabotele-na-kruzer-spodeluvaat-tajni-i-ludi-iskustva-03.jpg

„На секој брод има по барем еден патник кој извршува нужда каде што не треба. Мој колега најде измет во лифт, а јас имам најдено на скалила. Претпоставувам дека патниците се губат, па завршуваат работа каде било кога не можат да си најдат кабината“.

„Крузерите можат да бидат одличен и ужасен начин да заработите и заштедите пари. Храната и сместувањето ви се платени, а добивате и плата, што е одлично. Но, крстарењата се досадни. Нормално, евтиниот алкохол и бесплатното патување се одлични на почетокот, но по некое време секој ден ви станува ист. Иста рутина, премногу досадно“.

na-sekoj-broj-ima-mrtovechnica-lugje-koi-rabotele-na-kruzer-spodeluvaat-tajni-i-ludi-iskustva-04.jpg

„Нема шанси да најдете слободна машина за перење облека, освен ако не кампувате во собата за перење неколку часа. Обично има од 5 до 15 машини за перење и сушење, додека екипажот има од 1.000 до 2.500 членови“.

„Сите спијат со сите“.

na-sekoj-broj-ima-mrtovechnica-lugje-koi-rabotele-na-kruzer-spodeluvaat-tajni-i-ludi-iskustva-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 фото-докази дека некои луѓе земаат плата залудно (и ужасно си ја вршат работата) Ако мислите дека вие сте имале лоша фризура, или дека вашиот мајстор направил не...
Фотки кои ќе ве утешат: Луѓе кои имале полош ден на работа од вас Скинати фармерки, но и колеги кои како да забораваат дека во канцеларијата има и...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg