Извадени ребра, импланти наместо стомачни: Луѓе кои претерале со пластични операции за да личат на нивните идоли
Џастин Џедлика потрошил над 15.000 долари на пластични операции за да личи на Кен. Бизарно, зарем не?
Пластичните операции и корекциите на лицето стануваат норма, но ова не значи дека е во ред да се претера.
Сепак, за некои луѓе овие операции стануваат опсесија и тие трошат цело богатство за да си го променат изгледот.
Шест луѓе кои претерале со пластични операции за да личат на нивните идоли:
Пикси Фокс
Инфлуенсерката позната како Пикси Фокс има желба да се претвори во лик од цртан филм, односно во Џесика од Who Framed Roger Rabbit.
Нејзината половина има обем од 35,5 сантиметри и за да го постигне ова, си извадила неколку ребра.
Таа има поткршено и над 120.000 долари на пластични операции на лицето и телото.
Нејзината бизарна опсесија ја направи и славна, па денес Пикси има речиси половина милион следбеници на Инстаграм
Џордан Џејмс Спаркл
Џордан е огромен фан на Ким Кардашијан и досега има направено над 50 операции и третмани за да личи на неа.
Иако има потрошено повеќе од 150.000 долари, тој вели дека не планира да запре.
Џек Џонсон
Џек бил само тинејџер кога почнал да прави драстични промени во изгледот, сè со цел да личи на Дејвид Бекам.
Тој има потрошено над 24.000 долари за ботокс, филери, солариуми и слични процедури.
Наводно, планирал да направи и пластични операции, а смета дека вишокот килограми му се најголема пречка во желбата да личи на својот идол.
Тоби Шелдон
Трансформацијата на Тоби траела пет години и чинела 120.000 долари, а неговата цел била да личи на Џастин Бибер.
Самиот има изјавено дека кога пејачот се прославил, тој дури му љубоморел за изгледот. Па, решил да се претвори во него.
Херберт Чавез
Повеќето луѓе посакуваат да изгледаат како реална личност, но Херберт Чавез сака да личи на Супермен.
Во текот на 16 години, тој направил операција на носот, липосукција, операција на вилицата, а си ставил и импланти во градите и стомакот кои изгледаат како мускули.
Џастин Џедлика
Слично како Херберт, и Џастин сака да личи на фиктивен лик.
Тој има потрошено над 15.000 долари за да изгледа како Кен.
Џастин има направено операции на носот, образите, брадата, вилицата, усните...
Спирова С. | Црнобело